vila Valentini, Nea Potidea

Вила Валентини се наоѓа на само 150 метри од песочната плажа во Неа Потидеа. Располага со четирикреветни апартмани на приземје и убаво среден двор каде гостите може да уживаат во слободното време.  Вилата нуди приватност и комфор. Апартманите се едноспални, со четири редовни кревети, комплетно опремена кујна со фрижидер, шпорет и кујнски прибор и купатило. Во апартманите има клима која е вклучена во цена, како и Wi-Fi обезбеден за гостите.

Наем на студио/апартман

Цени за цел апартман за 7 ноќевања без превоз

Во цената е вклучено:
– наем на студио/апартман за 7 ноќи, во евра (1еур=62ден)
– преку дозволениот капацитет дозволено е сместување на едно дете до 6 години во кревет со возрасен

Доплата за превоз:
– деца до 1,99 години: бесплатно (без седиште)
– деца од 2 до 11,99 години: превоз  30 €
– Лица над 12 години: 45 €

Во цената не е вклучено:
– патничко осигурување
– туристичка такса 0,5 € по соба од ден

Напомени:

– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
– Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање

– Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
– Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.