Kefalonija
1.ДЕН / СКОПЈЕ – МАКЕДОНИЈА – ГРЦИЈА:
Состанок на групата на договорена локација во Скопје, тргнување во попладневните часови. Следува возење преку Македонија и Грција со кратки паузи поради одмор, како и за регулирање на граничните формалности.
Преминување граница. Контрола и царински формалности
2 – 10.ДЕН / КЕФАЛОНИЈА:
Во утринските часови пристигнување на пристаништето Килини. Следува трансфер со траект до Кефалонија. Пристигнување на преубавата Кефалонија во претпладневните часови и следува краток трансфер до сместувањата. На најголемиот остров на Јонското море ќе поминеме во наредните 10 дена. На островот не очекуваат сјајни факултативни излети. Преку ден ќе уживаме на најубавите плажи, ќе го посетиме чудесното езеро Мелисани, а навечер ќе уживаме во прекрасната марина во Порос. На Кефалонија очекувајте го неочекуваното…
Не заборавна летна авантура
11.ДЕН / KЕФАЛОНИЈА – ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА:
Во утринските часови следуба напуштање на сместувањата и следува пакување на куферите во автобус. Слободно време. Трансфер до пристаништето каде следува возење со траект, од каде продолжуваме со патувањето преку Грција со попатни паузи за одмор и регулирање на граничните формалности…
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Сместување на база 9 ноќевање во повеќе креветни апартмани/студија/соби во избраниот хотел или вила на Кефалонија/Порос
- Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје – Порос – Скопје
- Организација на аранжманот и пратител на групатa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
- Бродкса карта на релација Келини – Порос – Келини кој чини 35 евра
- Задолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба: приватно сместување – 0,5 евра, хотели 1* и 2* – 0,5 евра, хотели 3* – 1,5 евра, хотели 4* – 3 евра, хотели 5* – 4 евра) – се плаќа во агенција.
- Факултативни излети
Vila Dina – се наоѓа во Порос, на 50 метри од плажа и 70 метри од центрот во Порос, секоја соба има куја која е опремена со решо и фрижидер исто така собите имаат и сосптвено купатило и сопствена тераса.
Вила Дина располага со 1/2 студиа
Вила Астир располага со двокреветни и трокреветни студија. Сите соби имаат клима (доплата на лице место), кујна и тераса. Се наоѓа на 100 метри од центарот на градот и на 10 метри од море.
Вила Кристи се наоѓана само 150метри од плажа Рагиа во Порос, а на само 5 минути пешачење од центарот каде што може да уживате во некои од рестораните, таверни или барови. Секоја соба располага со мини кујна, со решо и фрижидер и балкон. Интернет има во заедничка просторија за гостите. Оцена на booking за оваа вила е 9,5.
Вила Пантелис се наоѓа во прв ред од море и во строгио центар на Порос.
Вила Ифигенија се наоѓа во Порос на 150 метри од плажа. Сите соби се опремени со сопствена кијан, тоалет, клима со доплата и тераса.