21-23 Oktomvri vo Budva

 

Состанок на групата . Поаѓање за Црна Гора во вечерните часови . Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

ден : 21.10.2023 (Сабота)- Будва -Св.Стефан

Пристигнување на Св. Стефан, едно од најмонденските летувалишта на црногорското приморје, панорамско фотографирање и поаѓање за Будва. Сместување во  приватни апартмани во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва. Препорачуваме прошетка низ стариот дел на Будва посета и разглед на црквите Св.Иван, Св. Марија, плоштадот.. или пак воздишка за кафе или ручек во некој од бројните кафулиња и ресторани долж морскиот брег. Ноќевање.

3 ден : 22.10.2023 (Недела)   Будва – Дубровник – Будва

Во раните утрински часови поаѓање за Дубровник на целодневен факултативен излет. Патувањето се одвива преку Тиват со траект. Слободно време за индивидуален разглед.Препорачуваме прошетка низ стариот дел на градот Дубровник : Страдун, Кнежев двор, Дубровачките градски зидини, статуата на Св.Влах-заштитникот на градот, Катедралата Вознесение на Дева Марија…Попладне враќање во Будва. Слободно време за прошетка и разглед.Ноќевање.

4ден : 23.10.2023 (Понеделник) Будва – Котор -Тиват –  Порто Монтенегро – Велес

Напуштање на апартманите. Можност за факултативна посета на Котор. Индивидуална прошетка во стариот дел на прекрасното гратче. Moжност за посета на катедралата Св.Трипун ( заштитник на градот ), Столбот на срамот, црквата Св.Никола ….  Предлог наш е искачувањето на Которската тврдина. Патот не води кон Тиват, разглед на стариот град и монденското пристаниште Порто Монтенегро, несекојдневно чувство на богатство, спој на природна убавина и човечки ресурси.Индивидуално време за уживање и фотографирање. Тргнување за Македонија со попатни паузи и царински формалности.

Очекувано пристигнување во Велес во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ………..109 ЕУР  (6760,00 мкд )

Цена со попуст за уплата до 01.10.2023 89 ЕУР 5520,00 мкд

 

 Во цената се вклучени следните услуги:

– Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;

–  2 ноќевања , сместување во  вили;

–  Туристички придружник за време на целиот престој

–  Организација и реализација на аранжманот

Во цената не е вклучено:

– Посета на Дубровник 30 еур;

–  Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро…..15 еур;

– Влезници за музеите и културно историските споменици;

– Задолжително патничко и здравствено осигурување; (се вади во агенција)

– Задолжителна туристичка такса 1 еур по лице на ден (се плаќа во автобус).

Напомена:

– Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 7 дена пред поаѓање

– Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд

– Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;

– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки однесување во автобус од страна на организаторот;

– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;