Veligden vo Spa hotel Vrnjacke Terme 4*

Програма на патување:
10.04.2026 (Петок) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски рано наутро во 05.30 часот. Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патот води преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Врњачка Бања околу пладне и сместување во хотел Врњачке терме. Кратко време за одмор, препорачуваме прошетка низ Врњачка Бања: Мостот на Љубовта, изворот Топла Вода, Римските извори, изворот Снежник, изворот Језеро и изворот Слатина… слободно попладне за одмор, релаксација и користење на СПА содржините на хотелот. Ноќевање.
11.04.2026 (Сабота) СКОПЈЕ – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Слободен за индивидуални активности и прошетки во Врњачка Бања. Ден предвиден за одмор, релаксација и користење на Велнес содржините на хотелот. Ноќевање.
12.04.2026 (Недела) ВРЊАЧКА БАЊА – ЖИЧА – ВРЊАЧКА БАЊА
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот, слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење на СПА содржините вклучени во цената. Ноќевање.
13.04.2026 (Понеделник) ВРЊАЧКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување за Македонија. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце, со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Планирано пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО ЦЕНА – 199 евра (12.330,00)

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд.
Цена по лице за најмалку 2 лица во соба

Во понудата е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Врњачке терме 4* во супериор соби
– Исхрана на база 3 ноќевања со поjaдок
– Секојдневно користење на Велнес и Спа центар
– Wi-Fi интернет пристап на јавни површини и во соби;
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето.

Во понудата не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурвање;
– Доплата за туристичка такса ( 5 евра по лице – доплата во агенција);
– Факултативна посета на манастирот Жица 10€ (доплата на лице место)
– доплата за вечера 15евра дневно по лице
– Доплата за еднокреветна соба

Попусти и Доплати:

– Намалување за сопствен превоз -20€/ 1240мкд по патник
– деца до 7 год. со двајца родители – гратис ( некористат кревет), доплата за превоз 35евра
– деца од 7-12 год.со двајца родители – 50% од сумата (софа)