Nova Godina vo Atina (3 nokevanja)

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 3 ноќевања

28. Декември (сабота)        СКОПЈЕ – АТИНА
Состанок на групата на паркингот спроти СЦ “Борис Трајковски” во 20:30 часот. Поаѓање кон Грција во 21:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица – Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

29. Декември (недела)                АТИНА
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј, Плака… Сместување во хотел. Слободно попладне можност за индивидуални прошетки и активности… Ноќевање.

30. Декември (понеделник) АТИНА – ПЕЛОПОНЕЗ
Појадок. Факултативен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек во локална таверна, како и можност за посета на работилница – продавница за производство на сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина можност за факултативна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање.

31. Декември (вторник) ОСТРОВОТ ЕГИНА – МАНАСТИР НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ
Појадок. Факултативен излет до островот Егина и посета на Манастирот Нектариј Егински. Испловување со траект кон островото Егина во Сароничкиот залив. На само 40мин од Пиреа островот Егина е еден од омилиените на Атињаните поради неговата богата историја, стариот шарм пристанишниот град од 19ти век, напуштените византиски капели, прекрасните заливи и вкусните ф’стаци. Посета на манастирот посветен на Свети Нектарие Егински. Разглед на целиот манастирски комплекс: гробот, неговиот дневен престој, неговите ракотворби, како и иконата на Пресвета Богородица … Враќање во Атина можност за индивидуално присуство на Новогодишната прослава на Атинскиот плоштад “Синтагма„ или пак факултативно – на Новогодишна вечера во таверна на Плака, со богата уметничка програма и мени од грчката кујна. Ноќевање

01. Јануари (среда) АТИНА – СУНИОН – ПИРЕА
Појадок. Заминување од хотелот и Атина, со претпладневна прошетка покрај Аполоновиот брег на Атика: летувалиштата Глифада, Вула, Вулиагмени… рт’от Сунион, кој е и најужниот дел од европското копно. Поглед кон остатоците на некогашниот антички храм, подигнат над самиот рт’ во слава на богот Посејдон. Во враќање посета на Пиреа (едно од најголемите пристаништета на Медитеранот), како и на нејзините познати марини. Заминување кон Македонија. Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот во претпродажба: 189 € (11.718,00 мкд)
Цена на аранжманот: 209 € (12.958,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел *** на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот со локален водич
– Организирани разгледи и посети според програмата
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса 3€ по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
– Факултативен излет до островот Егина (35€)
– Влезници за Акропол (од 12-16€)
– Влезници за Микена и Епидаурус (околу 12€)
– Факултативна “Новогодишна Вечера” во национален ресторан
– Факултативна вечера во национален ресторан
– Факултативен разглед на Пелопонез и Арголида (35€)
– Дополнителни влезници за музеи и културно-историски споменици
– Патничко здравствено осигурување

НАПОМЕНИ:
– Цената е изразена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ