Belgrad i etno selo Stanisici
Зимска Бајка во Белград на вода
Секој парк во Белград на вода ќе биде претворен во магична зимска бајка – место за најубави празнични збиднувања, исполнети со убава храна и уште подобра музика.
Етно село Станишичи
Овде се одмараат и очите и душата, човек станува почувствителен но и помудар, слушајќи го пеенето на птиците, жуборот на потокот и неколкуте воденици.
На третиот килонетар од Бијелина кон мостот Павловичи, во срцето на семберската рамнина, на површина од петнаесетина хектара, семејството Станишич го изградила етно селото Станишичи. Се состои од дваесетина автентични дрвени куќи, млекара, воденица, ковачница, амбар за жито, старински куќи и голема гостилница, кои се пренесени од селата во општина Варош и од селата на општина Звијезде.
Промо цена 129 eur до 21.11.2023
Редовна цена 149 eur
Поаѓање на 07.12 во 23:30 од Кочани. Попатно собирање
на патници Штип, Овче поле, Велес, Скопје, Куманово.
Пристигување околу 9 часот во Белград 3 часовна прошетка
на градот со локален водич (Собрание, плоштад Никола
Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова,
Калемегдан (Калемегданска тврдина), Скадарлија (Боемски
кварт). Потоа следи посета на најголемиот храм во Источна
Европа Св. Сава. Слободно време за прошетка и
индивидуални активности. Околу 14ч. сместување во Хотел
3* слободно време за одмор и релаксација. Во вечерните
часови се упатуваме кон Савскиот парк каде може да
ужуваме во зимската бајка, со автентичен амбиент, пријатна
музика, богата гастрономска понуда, како и незаборавните
зимски активности лизгање и дружење со Дедо Мраз. Околу
23:00ч собирање на групата на однапред договорено место и
упатување кон Хотелот. Ноќевање.
Појадок. Факултативно посета на Етно Село Станишич –
место каде се одмараат очите и душата, човекот станува
поблагороден, но и помудар, слушајќи го чврчорењето на
птиците, жуборот на потоците и работата на
водениците.Организиран ручек во ресторант Коноба во Етно
селото со избор на мени по ваша желба. Околу 16ч
упатување кон Белгра. Во 20ч орагнизирано вечерно
крстарење со брод по Дунав (факултативно 20 евра).
Појадок. Се одјавуваме од хотелот и се упатуваме кон
шопинг центар Галерија. Слободни 3 часа за шопинг. Во
15:00ч. се упатуваме кон Македонија. Предвидено време за
пристигнување е 22:00.
Во цената е вклучено:
- Aвтобуски превоз до наведената релација
- Посета на Белград со локален водич
- Посета на Савски парк (Зимска бајка) https://sn.rs/z6f7x
- 2 ноќи во хотел со 3* во Белград
- Посета на шопнг центар Галерија
Во цената не е вклучено
- Посета на Етно село Станишичи со вклучен ручек во ресторант Конобаи (40е) и избор на мени.
- Крстарење по Дунав со брод (20е)
- Туристичка такса (3е)
- Осигурвање
- Индивидуални трошоци