8mi Mart vo Sumadija

08-10.03.2024
КРАГУЕВАЦ – ВРЊАЧКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА

Поаѓање на 08.03.2024 во 05.00 часот од Скопје на паркинг кај хотел Вип со туристички автобус. (Организирани поаѓања со доплата од Гевгелија, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип и Велес). Патот води на граничниот премин Табановце со попатни одмори до Крагуевац.

Следува разгледување на градот со локален туристички водич: културно-историскиот комплекс “Милошев венец“ кој го опфаќа централниот дел од градот во кој се наоѓаат најзначајните објекти изградени во време кога Крагуевац била прва престолнина на модерната српска држава. Народниот музеј-чии почетоци се поврзани со кнезот Милош во првата половина на 19-от век, Старата црква во која е донесен првиот српски Устав, зградата на старото собраниепрвата српска гимназија основана во 1833 година, споменикот на Шумадинцитеградскиот пазар, конакот на Кнезот Михаил, градскиот театар… Кратка пауза и слободно време за кафе во центарот на градот.

Посета и разгледување на спомен паркот Шумарице-Крагуевачки Октомври, единствена амбиентална целина која се простира на 352 хектари. Најчесто посетувано место од бројните туристи е Споменикот на стреланите ученици и професори т.н. V/3 на 21 Октомври 1941 година. Во истоимениот парк се наоѓаат и бројни содржини за спорско рекреативен туризам, авантура парк, аквариум и ботаничка градина.

Сместување во хотел „Крагујевац“ 4* во центарот на градот. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки. Вечера. Ноќевање.

149 €

(9.200 мкд)

После појадокот заминување на организиран излет до Манастир Жича со туристички водич. Важноста што му се предава на манастирот, Св. Сава и Стефан Првовенчани му ја доделиле како центар на независната српска црква, крунисувалиште на идните кралеви и катедрала на српскиот народ, денес се истакнува преку признавањето на народниот јубилеј од 800 години постоење и континуираната духовна мисија на оваа свето место. Манастирот Жича, храм на Христовото Вознесение подигнат во период од 1190 до 1124 година.

Патувањето продолжува за Врњачка бања – кралица на сите бањи во Србија, позната по своите лековити извори. Прошетка и разгледување со туристички водич, изворите, бањските лекувалишта, мостот на љубовта, градскиот парк, дворецот на Белимарковиќ…

Враќање во Крагуевац. Вечерта посета на познатиот Крагуевачки ресторан-печењара „Библиотека“. Свечена вечера со музика. Ноќевање.

Појадок. После појадокот заминување на посета на познатата винарија ART WINE, каде винската приказна се заснова на семејниот имот во Грошница, во близина на Крагуевац, во срцето на Шумадија. Винаријата е основана во 2011 година и има производство до 20.000 шишиња годишно. Целта од основањето на винарската визба е производство на висококвалитетни вина и ракија, кои можат да го доближат најдоброто од Шумадија до светските стандарди. Дегустација за ракија и вино.

Заминување за Македонија после пладне. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената се пресметани следните услуги: