8mi Mart vo Hrvatska
07-11.03.2024
ЗАГРЕБ – РИЈЕКА – ОПАТИЈА – ПУЛА – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА
Поаѓање на 07.08.2024, во 19.00 часот од Скопје на паркингот кај хотел Вип со туристички автобус. Организирани поаѓања со доплата од Гевгелија, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Штип и Велес. Патот води на граничен премин Табановце, преку Србија, со попатни одмори до Загреб.
Пристигнување во Загреб во предпладневните часови.
Следува панорамско разгледување на градот каде ќе се видат многубројни културно-историски знаменитости, главната железничка станица, плоштадот на кралот Томислав, зградата на хрватскиот народен театар, уметничката галерија…
Следува разгледување со локален туристички водич на Горниот дел од градот: посета на Загребачката Катедралата, пазарот Долац, Камената порта, плоштадот Св. Марко каде се наоѓа истоимената црква, зградата на Владата и Парламентот, кулата Лотршчак.
Посета и разгледување и на Долниот дел од градот, цветниот плоштад, православната црква Свето Преображение, плоштадот Бан Јелачиќ каде заедно со цветниот плоштад се совршени места за загребачко кафе. Слободно време за индивидуални прошетки.
Попладне заминување за Ријека, идеална туристичка дестинација, градот на торпедата и бродовите. Сместување во хотел Neboder 3* центарот на Ријека, слободно време за прошетка по Ријечкото корзо-омилено шеталиште на граѓаните каде најдобро ќе го осетите духот и ритамот на градот. Вечера. Ноќевање.