hotel Sunce, Sokobanja

1.Ден 08.03.2024 (Петок) СКОПЈЕ – СОКО БАЊА
Состанок на групата во 05.30 часот рано наутро на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања околу пладне. Сместување во Хотел Сунце. Краток одмор од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Соко Бања со водич: Mилошевиот Конак, Tурското купатило, црквата Св. Преображение… Враќање во хотел. Слободно време за релаксација и користење СПА: Вечера. Ноќевање.
2.Ден 09.03.2024 (Сабота) СОКО БАЊА
Појадок. Во 10.00 часот заминување на организирана претпладневна прошетка до излетничкото место Лептерија и стариот Соко Град. Враќање во хотел. Слободно попладне за одмор и користење на велнес содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 10.03.2024 (Недела) СОКО БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности до времето предвидено за заминување. Во договорено време со придружникот на групата заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Тип на соба: DBL (брачен кревет 160×200) 
ПРОМО цена до 15.02.2024 – 159€/9.858мкд
Редовна цена – 175€/10.850мкд
Тип на соба: SUPERIOR DBL (брачен 180×200 или 2 единечни + софа 140×190)
ПРОМО цена до 15.02.2024 – 189€/11.718мкд
Редовна цена – 205€/12.710мкд
 
Цени по лице за минимум 2 лица во соба
Цени во евра за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во Хотел Сунце 4* во Соко Бања во избраниот тип на соба на база 2 ноќевања
– Исхрана на база 2 полупансиони (појадок и вечера)
– Организирани прошетки до центарот на Соко Бања, Лептерија и Сокоград
– Неограничено користење на Велнес и СПА центарот на хотелот поставен на површина од над 1300м2  (2 затворени базени од кои еден со хидромасажа и еден отворен базен, солена соба, 3 сауни финска, био и софт сауна, парно купатило, калдариум, хидромасажна када, тропски туш, ладна соба, релакс соба, тепидариум)
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување
– Свечена 8-мо мартовска вечера на 08.03.2024 со жива музика и неограничени пијалоци – 30€ (пријава и доплата во агенција при резервација)
– Индивидуални трошоци
Попусти: 
– Трето возрасно лице во соба добива -10% попуст од цената на аранжманот
– Намалување за сопствен превоз -20€ по лице
НАПОМЕНИ:
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ