vila Rania

Вила Раниа се наоѓа на 150м од плажа и на 300м од центарот на градот. ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ: Располагаме со 3 четворокреветни апартмани со две посебни соби, 2 трокреветни апартмани  и 1 петокреветен апартман. Сите апартмани располагаат со комплетно опремена кујна, тоалет, тераса, дел од нив се со поглед на море, дел со поглед на планина.Климата е вклучена во цената. http://raniahouse.gr/

РАН БУКИНГ 20%ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.05.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот до 28.02.2026.

Термините со * се цени по лице со вклучен превоз  ( за нив не важи РАН БУКИНГ попустот и нема попуст за два последователнитермина, и да патувате со сопствен превоз не се одбива од цената по лице)

Во 1/3 и во 1/4 апартманите плаќаат две лица цена по лице, во 1/5 апартманите плаќаат три лица цена по лице

Другите цени во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања (клима вклучена во цената).

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во aгенцијата.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (40 EUR за дете 02 до 12 год.)