vila Tzina

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на околу 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија, како и 1/2+1 апартмани (со 2 единечни кревети во собата и кауч во кујната) и четворокреветни апартмани. Сите соби имаат комплетно опремена кујна, бања, тераса, ТВ, клима уред и WiFi.

РАН БУКИНГ 20%ПОПУСТ

на цените во табелата (минимум уплата од 50%) ОСТАТОКОТ ДО 31.05.2026

РАН БУКИНГ ЦЕНИТЕ важат за резервации направени во периодот до 28.02.2026.

Термините со * се цени по лице со вклучен превоз  ( за нив не важи РАН БУКИНГ попустот и нема попуст за два последователнитермина, и да патувате со сопствен превоз не се одбива од цената по лице)

Во 1/2 студијата  и во 1/3  студија/апартманите плаќаат две лица цена по лице. Во 1/4 апартманите плаќаат две лица цена по лице и трето лице плаќа пола од сумата. 

Другите цени во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања (клима вклучена во цената).

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенцијата.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 50 EUR (40 EUR за дете 02 до 12 год.)