vila Galanos,Lefkada
Вила Галанос – Никиана, Лефкада (Б кат) се наоѓа на 30 метри од плажа на самиот влез во местенцето. Песочната плажа веднаш под вилата (преку улица) е беспрекорно чиста и идеална за деца и возрасни.
Сместена е на мало зелено живописно узвишение со цвеќиња и дрвја (маслинки, чемпреси, цвеќиња, зеленички, мирти, круши, калинки и др.) со уникатен поглед од терасите и поплочени дворови.
Вилата располага со сопствен паркинг за сите гости како и мало пристаниште е на 50 метри. Вила Галанос се наоѓа на зелен рид на 6.000 квадратни метри од уникатен природен терен и поглед од секаде, веднаш до морето. Вреди да го запознаете само поради разновидноста на дрвја и цвеќиња. Спаѓа во висока категорија и е мало семејно сместување со комфорни, едноставни и секогаш чисти студија.
GPS: 38.76108445672136, 20.718902513970786
Цените се дадени за наем на студио 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур. | |||||
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети) | |||||
освен 1 дете до 7 години во кревет со родител. | |||||
Климата е со доплата 10 Еур/ден. | |||||
Студио SV – поглед на море. Студио GV – поглед двор | |||||
Автобуски превоз 55Еур возрасни Битола и Прилеп. | |||||
Доплата за превоз 10 Еур: Струга,Oхрид, Ресен, Скопје, Велес, Дреново, Прилеп. | |||||
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст – 10 Евра од редовната цена. | |||||
За уплата на 2 или повеќе темини одобруваме 7% попуст. Попустите не може да се комбинираат. | |||||
Термините обележани со црвено се промо и не подлежат на попуст. | |||||
Туристичката такса се плаќа на лице место. |
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во објектот.