Veligden i Prvi Maj vo Italija
Уживајте долж Италија во едни од најпосакуваните дестинации кои ги имате на листата за посета.
Рим – Вечниот град, каде што модерното и старото, минатото и сегашноста одат рака под рака.
За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“…
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана… Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере… Фиренца -ренесансен дијамант во срцето на Италија.
Датум: 27.04 – 05.05.2024
Времетраење: 6 ноќевања
Дестинација: Трст, Фиренца, Рим, Лидо ди Јесоло, Венеција
Превоз: Автобуски превоз
Цена: 433 € Рана резервација
499 € Редовна цена
ДЕН 1: – Поаѓање од Скопје во пладневните часови. Ноќно возење преку Србија,Хрватска, Словенија со попатни паузи.
ДЕН 2: – Пристигнување во Постојна Јама и факултативен разглед со локален водич. Попладневно сместување во хотел и краток разглед на Трст – Ноќевање
ДЕН 3: – Поаѓање за Фиренца. Сместување во хотел и попладневна факултативна посета на Фиренца. – Посета на Мостот Понте Векио, Галеријата Уфици, Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Црквата Санта Кроче итн.. – Ноќевање
ДЕН 4: – Појадок и припрема за факултативен излет – Поаѓање за Пиза и ЧинквеТере Посета на уникатната кула во Пиза и неверојатните 5 селца. – Враќање во хотел – Ноќевање
ДЕН 5: – Попатна посета на магичната Тоскана – Посета на Сан Џимиџано и на неверојатната Сиена. Пристигнување во Рим во попладневните часови .Сместување во хотел – Ноќевање
ДЕН 6: – Појадок и припрема за факултативен излет во Рим Колосеум, Пантеон,Пиаца Навона, Шпански Скали, Фонтана ди треви и уживање во магичниот Рим .Враќање во хотел – Ноќевање
ДЕН 7: – Појадок и припрема за факултативен излет во Ватикан – Попладневно поаѓање кон Лидо Ди јесоло – Сместување во хотел – Ноќевање
ДЕН 8: – Појадок и припрема за Факултативна посета на Венеција – Поаѓање за Македонија – Ноќно возење.
ДЕН 9: – Пристигнување во Македонија во претпладневните часови
Во цената е вклучено:
● 6 ноќевања на база BB(нокевање со појадок) во Хотел 3* во Трст, Рим, Фиренца, Лидо ди Јесоло,
● Сместување во двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби
● Автобуски превоз
Во цената не е вклучено:
● Факултативни излети
● Патничко осигурување
Забелешки:
● Пасошите мора да бидат валидни најмалку 90 дена од моментот на заминување од Шенген зоната.
● Секој патник треба да има важечко патничко осигурување
● Плаќањата во денарска противвредност ќе се пресметуваат со курс 1 ЕУР = 62МКД
Разглед и посета на следните факултативни екскурзии:
1. Постојна Јама – 30 евра
2. Трансфер и посета на Фиренца – 15 евра
3. Трансфер и посета на Пиза и Чинкве Тере – 45 евра
4. Посета и разглед на Рим 40 евра
5. Посета и влезница на Ватикан
6. Посета на Венеција со брод и разглед на Венеција – 25 евра