hotel Sun Village 4*

Хотелот Sun Village 4*, се наоѓа на 3 минути пешачење од плажа и поседува соби со поглед на море и прекрасна сина гледка кон истото. Хотелот располага со 2 приватни базени и  нуди бесплатно WiFi во внатрешноста на хотелот и во градините надвор.

Секоја од собите  е опремена со ТВ, фрижидер, уреден  балкон и биро и истите се со вградени клима уреди кои ќе ви помогнат да се разладите во топлите летни денови. Исто така поседуваат приватна бања со туш. Сеф е достапен само на барање со дополнителен платен надоместок за истиот.

Хотелот располага со свој ресторан, бар и сончева тераса. Рецепцијата е отворена и достапна  за информации 24 часа за своите гости и клиенти. Во околината се достапни  продавници и ресторани кои може да се најдат во рамки од 100м во близина на хотелот . Центарот на Лорет де Мар е на помалку од 5 минути пешачење од хотелот.

Во цената е вклучено:

  • 7 или 8  ноќевања во Хотел Sun Village 4**** со услуга на база полупансион HB
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром

Во цената не е вклучено: 

  • Туристичка такса 2 евра од ден по лице
  • Патничко осигурување

Забелешки:  

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
  • цените се дадени во евра (1еур=62ден.)