vila Sofija (ex vila Zeyia)
Куќа “Sofia” ( ex. Zeyia ) се наоѓа на одлична локација на само 30-40 метри од прекрасната песочна плажа, во многу мирна уличка и е една од поквалитетните куќи во местото, идеална за патници кои сакаат вистинско уживање. Куќата располага со одлични апартмани и дуплекс апартмани со сопствени тераси, комарници, комплетно опремени кујни, одличен мебел и сопствени тоалети. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има уреден двор и достапен паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција и изнесува 2 евра на ден по апартман / дуплекс апартман.
Дуплекс апартман број 1 (1/4) – прв кат, простран дуплекс апартман од 41м² со 2 одвоени спални соби. Има поглед на градина од една тераса (на која се излегува од едната спална) и директен поглед море од друга тераса (на која се излегува од другата спална). Дуплекс апартманот има три одделни простории: 2 одвоени спални соби, од кои во едната има брачен кревет, а во другата 2 споени стандардни единечни кревети, целосно посебно одвоена опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) и простран тоалет со туш кабина. Опремен е со квалитетен мебел. На двете тераси има маси и столови.
Апартман број 2 (1/4) – приземје, простран апартман од 40м². Има одвоена спална со брачен кревет и во дневната соба исто брачен кревет со стандардни димензии со одлична кујна со шанк и сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), маса со столови, ТВ и клима. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет со када и сопствена помала тераса со маса и столови која има поглед кон дворот.
Полудуплекс апартман број 3 (1/4) – приземје, простран високо квалитетен полудуплекс апартман од 43м². Има две спални соби со стандардни брачни кревети, од кои едната е физички одвоена со врата, а другата спална е преградена, а споена со одлична кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, мал шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.), простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба, веднаш на влезот во апартманот. Располага со 2 брачни кревети во спалните и мала софа за дете до 7 години во дневна. Опремен е со квалитетен мебел. Има пространа тераса со маси и столови со поглед кон дворот.
Дуплекс апартман број 4 (1/6) – приземје, многу простран високо квалитетен дуплекс апартман од 51м², кој воедно е и најголем дуплекс апартман во вилата. Има две одвоени спални соби со стандарден брачен кревет во едната и 2 споени стандардни кревети во другата спална соба. Располага со простран реновиран тоалет со туш кабина, како и голема дневна соба со 2 единечни стандардни кревети кај што е и целосно опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет со рерна, кујнски прибор, електричен бокал за вода и сл.) Дневната соба е веднаш на влезот во апартманот. Опремен е со квалитетен мебел. Има 2 тераси со маси и столови, од кои едната е на влезот со поглед кон дворот, а на другата се излегува од спална соба и има поглед во дворот зад куќата.
40.40005, 23.88018
20 % попуст за термин: 24/05-31/05 за резервации заклучно со 07.03.2026 (сабота) за 50% уплата веднаш при резервација и целосна доплата заклучно со 04.04.2026 (сабота)
*сите останати термини по редовни цени

- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН/ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во апартман / дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.


