Veligden vo Hrvatska i Slovenija

Цена со рана уплата до  10 Април  2024………………149 еур по лице

Целосна цена…………..179 еур по лице

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Три ноќевања на база полупансион хотел  во Загреб
– Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
– Организација и придружник на патувањето

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Влезница за Плитивичките Езера- 40e
– Влезница во Постоинска Јама- 40еM (резервација во агенција)
– Блед,Бохињ и Љубљана – 50е

Пакет факултативи 120е
– Можност за пловидба со чамец по Бледското Езеро
– Влезница во црквата „Света Марија“ на Блед
– Патничко осигурување

 

План за патувањето

Прв ден: 02.05.2024 (четврток) Штип-Љубљана
Во вечерните часови заминување на групата од Штип пред ноца пошта и тргнување за Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни паузи и царински формалности.

Втор ден:03.05.2024 (петок) – Загреб
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разгледување на градот со локален туристички водич. Улица Боговиќева најпозната во Загреб , плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, катедралата која што е монументална градба итн. Потоа сместување на групата во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки.Вечера и  ноќевање.

Трети ден: 04.05.2024година (сабота) – Љубљана-Блед-Бохињ
Појадок. Заминување на групата на целодневен разглед на Блед, бисерот на Словенските Алпи, вистинско богатство на природата опкружено со планинските врвови. Слободно време за прошетки покрај езерото и уживање во кафе и познатите бледски кремпити. Факултативно, можност да се возите со традиционален чамец-плетно по Бледското Езеро до единствен природен остров во Словенија. Тука можете да ја посетите барокната Црква „Света Марија“ во која се наоѓаат одлично сочувани фрески , како и да заѕвоните за среќа и исполнување на желбите на прочуеното „Ѕвонче на желбите“, изградено 1534 година во Падова кое со својата атракција привлекува многу туристи. Потоа заминување кон сликовитите Алпски предели на Бохињското Езеро. Слободно време за прошетка покрај езерото, камениот мост и Црквата на Свети Јован Крстител. Во попладневните часови се упатуваме во Љубљана. Слободно време за повторно уживање во убавините на градот. Враќање во Загреб , вечера и ноќевање.

 Четврти ден:05.05.2024 (недела)- Љубљана- Постоинска јама
Појадок и заминување на групата кон Постоинска Јама, најголемата геолошка атракција во Словенија и најголемата пештера во Европа. Според натписите во пештерата, првите туристи ја посетиле уште во 13. век. Постоинска Јама претставува сплет од 20 километри подземни тунели, галерии и сали, а за туристите се отворени 5300 метри површина. Пештерата е богата со подземен биолошки свет, а најпозната е човечката рипка која го добила името по бојата која потсетува на човечката кожа.Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки. Вечера и ноќевање.

Петти ден: 06.05.2024 (понеделник)- Загреб -Плитвички Езера-Штип
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Плитвичките Езера, најголемиот национален парк во Хрватска прогласен во 1949 година, а од 1979 година е вклучен во списокот на УНЕСКО на светско наследство. Има околу 16 прекрасни Плитвички Езера чија должина е 8 километри, а висината на најголемиот водопад е 20 метри. Организиран разглед со локален туристички водич. Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнувањево Македонија во раните утрински часови.