Veligden vo Herceg Novi
ВЕЛИГДЕН ВО ХЕРЦЕГ НОВИ
ТИВАТ–ДУБРОВНИК–ОСТРОШКИ МАНАСТИР–БУДВА
Термин 02.05.-05.05.2024
4дена / 2ноќи
1 ден 02.05.2024 (четврток) Штип – Скопје -Херцег Нови
Поаѓање за Херцег Нови во 22.00 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, 23:00 часот од Скопје пред хотел Вип. Ноќно патување преку Косово и Албанија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден 03.05.2024(петок) Тиват–Херцег Нови
Пристигнување во Тиват.Прошетка и разглед на Тиват католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс “Порто Монтенегро” (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови) и полоштадот Пине. Поаѓање кон Херцег Нови, пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
3 ден 04.05.2024(сабота) Херцег Нови–Дубровник–Херцег Нови
Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Херцег Нови. Околу 22:00 часот се поаѓа према центарот, посета на црква каде се пречекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Ноќевање
4 ден 05.05.2024(недела) Херцег Нови–Будва–Острошки Манастир–Скопје/Штип
Појадок. Одјавување од хотелот. Заминување кон Будва, слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии… Заминување кон манастирот ,,св. Василиј Острошки”. Сместен во голема карпa на 900 метри надморска височина е дом на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог заминување кон Македонија преку Албанија и Косово.
Цена на аранжманот: 11.900 денари
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автoбус на наведената релација
- Сместување во хотел “Palmon Bay 4 **** Херцег Нови, 2 ноќевања со појадок
- Користење на Спа Центар
- Посета и разглед на Будва и манастир ,,св. Василије Острошки”
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено :
• Факултативна посета на Дубровник (25€)
• Факултативна посета на Тиват и Порт Монтенегро(15€)
• Пакет факултативни посети на Дубровник , Тиват и Порт Монтенегро(30€)
• Влезници за музеите и културно-историските споменици
• Патничко здраствено осигурување.
• Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)