vila Aquarelle, Ormos Panagijas
Ормос Панагијас е мало место на источниот брег на Ситонија. Името го добива по црквата посветена на Света Богородица (на грчки Панагија) која е зачувана уште од периодот на Византија.
Делот покрај плажата е идеален за сите оние кои сакаат да имаат мирен семеен одмор бидејќи токму тука има убави места за уживање, разни градини и игралишта за деца. Плажата Трани Амуда е една од главните причини поради кои треба да појдете на летување во Ормос Панагиас и се наоѓа на 5-6 минути пешачење ид вилата. Оваa плажа е една од најубавите плажи на вториот крак и има сино знаме!
Самото место е многу мирно, совршено за сите оние кои бараат вистинска релаксација, без метеж и сообраќај, идеално за парови и семејства со деца кои сакаат совршени плажи.
Вилата Aquarelle е нова, од 2021 година и се наоѓа на 450m од плажа. Сите студиа се 1/2-за 2 лица и се на втор спрат, имаат два единечни кревети, мини фрижидерче, телевизот, клима и тоалет. Секое студио има тераса, вилата нема лифт. Позади вилата има големо игралиште за деца.
Пред вилата има простор за паркирање.
Цените се дадени за наем на Студио за 7 ноки, и се изразени во евра (1еур=62ден.)