hotel Angelina (ex Angelos)
Ормос Панагијас е мало место на источниот брег на Ситонија. Името го добива по црквата посветена на Света Богородица (на грчки Панагија) која е зачувана уште од периодот на Византија.
Плажата Трани Амуда е една од главните причини поради кои треба да појдете на летување во Ормос Панагиас. Ова плажа е една од најубавите плажи на вториот крак и има сино знаме!
Самото место е многу мирно, совршено за сите оние кои бараат вистинска релаксација, без метеж и сообраќај, идеално за парови и семејства со деца кои сакаат совршени плажи.
Хотелот Ангелос се наоѓа на живописниот залив недалеку од плажата. Нуди прекрасен поглед кон сините тиркизни води на Егејот, кој е достапен од речиси секоја хотелска соба и ниту еден гостин никогаш не заминува без да биде импресиониран.
Хотелот зафаќа површина од 3000 кв.м и има 2 станбени згради, сопствена уредена територија за одмор – пријатна сенката во дворчето опколено со дрвца од калинки.Во склоп на хотелот има мини бар и таверна. Неодамна е извршено комплетно реновирање на хотелот, а реновирани се и сите внатрешни простори. Елегантните соби на хотелот ви нудат удобен престој, привилегирана локација веднаш на брегот на Егејското Море.
Локација/ Кординати: 40.2335959,23.7317784
– 10% за резервации со комплетни уплати до 15.03.2025