7 nokevanja vo hotel Papatya
Положба: Papatya хотелот е лоциран на 200 метри од најдолгата песочна плажа во Кушадаси Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата. Овој хотел се наоѓа на околу 17 километри оддалеченост од центарот на градот.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 86 соби (66 Standard rooms, 20 Family rooms) . Сите соби располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ, телефон, сеф, клима уред, бесплатна Wi- Fi конекција(агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот).
Услуга: Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса). Хотелот располага со внатрешен и надворешен ресторан. Гостите имаат можност секојдневно да уживаат во разновидните јадења кои се служат во ресторанот на овој хотел. Papatya хотелот исто така располага со два бара (Lobby Bar, Vitamin Bar, Pool Bar)
Бесплатни услуги: Користење на ресторанот и баровите, интернет во лоби, лежалки , чадори на плажа како и во областа покрај базенот, користење на базените, ватерполо, пикадо, игри со базен, степ-аеробик.
Услуги со доплата: увозни пијалоци, алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, минибар, масажи, билијард, фудбал, хокеј, плејстејшн, телефон, телефакс, сеф.
Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два барови, два базена, сопствена плажа, Aqua Park, градина, тераса, одбојка, игралиште за деца, билијард, паркинг, услуги на медицински установи, услуга за организирање на туристички факултативи, анимација (дневна и вечерна).
Плажа: Хотелот располага со своја приватна плажа и исто така препознатлива по чистата тиркизна вода. Плажата располага со чадори, лежалки. Во близина на плажата безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, водени споротви, кабини за пресоблекување и тоалети.
Цените се дадени по лице за 7 нокевања на база ALL Incl. и превоз.
Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)