7 nokevanja vo hotel Sentinus
Положба: Sentinus хотелот е лоциран на најдолгата песочна плажа во Кушадаси Long Beach. Хотелот располага со свој приватен дел на плажата кој е бесплатен за гостите кои престојуваат во хотелот. Овој хотел се наоѓа на околу 10 километри оддалеченост од центарот на градот и на 5 километри оддалеченост од плажата Ladies Beach.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 102 соби. Сите соби располагаат со сопствен балкон, минибар, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса), ТВ, телефон, сеф, клима уред.
Услуга: Хотелот е на база All Inclusive (појадок, ручек и вечера – шведска маса). Хотелот располага со внатрешен и надворешен ресторан. Гостите имаат можност секојдневно да уживаат во разновидните јадења кои се служат во ресторанот на овој хотел. Хотелот исто така располага со два бара ( Beach Bar и Pool Bar )
Бесплатни услуги: Користење на ресторанот и Pool барот, интернет во лоби, лежалки , чадори на плажа како и во областа покрај базенот, користење на базенот, анимација.
Услуги со доплата: увозни пијалоци, алкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, минибар, масажи, телефон, телефакс, сеф, користење на Beach Bar.
Содржини: Хотелот располага со еден ресторан, два бара, еден базен, сопствена плажа, градина, тераса, игралиште за деца, паркинг, услуги на медицински установи, услуга за организирање на туристички факултативи, анимација (дневна и вечерна).
Плажа: Хотелот располага со своја приватна плажа која е препознатлива по својата чиста тиркизна вода. Плажата располага со чадори, лежалки. Во близина на плажата има безбројни ресторани во кои се служат превкусните турски специјалитети, ресторани за брза храна, барови, водени споротви, кабини за пресоблекување и тоалети.
Спорт и забава: Водени спортови, одбојка на плажа, игралиште за деца, анимација (дневна и вечерна).
Хотелот е на база ALL INCLUSIVE.
Цените се дадени по лице за 7 нокевања на база ALL Incl. и превоз.
Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)