Veligden vo Kursumliska Banja
1.Ден 18.04.2025 (петок) СКОПЈЕ – КУРШУМЛИСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч на паркингот кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 19.04.2025 (сабота) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
3.Ден 20.01.2025 (недела) КУРШУМЛИСКА БАЊА
Појадок. Ден предвиден за одмор и релаксација со користење на содржините на Велнес центарот на хотелот и индивидуални прошетки долж Бањска Река, во прекрасно зелено опкружување низ бањските паркови. Вечера. Ноќевање.
4.Ден 21.01.2025 (понеделник) КУРШУМЛИСКА БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија околу пладне. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Состанок на групата рано наутро во 05.30ч кај спортската сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00ч. Дневно патување со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Куршумлиска Бања и сместување во Хотел Планинка 4*. Слободно попладне за одмор и релаксација со користење на СПА содржините на хотелот. Вечера. Ноќевање.
ПРОМО цена за резервации до 15.03.2025 – 325€/20.150ден
Редовна цена на аранжманот – 345€/21.390ден
Цена по лице за минимум 2 лица во соба за уплата во денарска противвредност 1€/62мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
– Автобуски превоз на наведената релација.
– Сместување во Хотел Планинка 4* во двокреветни соби на база 3 ноќевања
– Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
– Користење на отворено – затворен базен, полуолимписки базен, релакс базен со термална вода со температура од 33-35⁰C
– Користење велнес содржини: сауна, солена соба, парна бања, ледена пештера, топли клупи тепидариум, Kneipp патека, соба за релаксација
– Користење на сала за забава пинг-понг и билијард, користење фитнес сала, детска игротека
– Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Задолжително патничко осигурување.
– Индивидуални трошоци (пијалоци, масажи и останати неспоменати услуги)
Попусти и опционални доплати:
– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 25€/1.550ден (на барање).
– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на возрасен
– Трет возрасен на дополнителен кревет плаќа полна сума (на барање).
– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860 ден (на барање)






