vila Buywatch
СИВОТА лето 2024 Грција: Ова сликовито место е сместен на Јонскиот брег, опкружено со бујна вегетација, песочни плажи кои ги заплискуваат води од чисто тиркизно море. Сивота се наоѓа помеѓу Игуменица и Парга, позната по скриените плажи и мали заливи. Местото е амфитеатрално распоредено, и благо се спушта спрема централното шеталиште. Идеално месо од каде може лесно да се посети Крф и Парга.
Вилата се наоѓа на мала височина, околу 500 до 600 метри од најблиската плажа Agios Anastasios. Од центалниот дел на градот е одалечена околу 20 – тина минути пеш и има паркинг за автомобил. Поседува двокреветни, двокреветни со помошен кревет ( дете до 12 години ) и четворокреветни студија-два нормални кревети и софа на развлекување; трокреветни, четворокреветни апартмани и петокреветен дуплекс апартман. Има кујнски дел, купатило ТВ, тераса и клима која се доплаќа. Постелнината се менува на 5 дена. Гостите сами ја одржуваат хигиената.Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот.
Цените се дадени за НАЕМ на Студио / Апартман за 9 нокевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.)
Доплата на тур.такса на лице место
Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;