Sea Apartments, Zakintos
1 ДЕН – СКОПЈЕ – ЗАКИНТОС
Поаѓање од Скопје во вечерните часови. Возење со попатни паузи и одмори. По ноќното возење, следува пристигнување во градот Килини и премин со фериброд до главниот град Закинтос, од каде што следува кратко возење до нашата крајна дестинација, до фасцинантниот – Лаганас! Сместување на групата и запознавање со местото.
2 – 9. ДЕН – ЛАГАНАС
Закинтос, преубав остров на Јонското Море, веќе години наназад го спојува неспојливото – пријатен одмор од една страна, но и прекрасни доживувања и незаборавни забави од друга страна. Исклучително пријатната клима, плажите од соништата, кристалното чисто море, националната грчка кујна… го ветуваат летувањето за сите времиња!!! Секако големиот број на клубови со млади луѓе од целиот свет, луцидни ДЈ – и, тематските забави во наша организација, гарантираат забава до раните утрински часови. За овие десет дена на островот доживејте несекојдневни забави и создадете си незаборавни спомени за цел живот!
10 ДЕН – ЛАГАНАС – СКОПЈЕ
По напуштањето на собите и слободното време за шопинг, тргнуваме назад кон Скопје. Преминуваме со фериброд до пристаништето Килини, а потоа следува ноќно возење.
Цената вклучува:
- Комплетна организација со водич на патувањето
- 7 ноќевања во избраната вила во Лаганас
- Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)
Цената НЕ вклучува:
- Доплата за траект – 30€
- Факултативни излети
- Патничко и здравствено осигурување
- Туристичка такса – 1,5€ по ноќ
- Доплата за клима 7 еур од нок
- Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот