vila Kety
Кети Хаус, се наоѓа во срцето на Неа Флогита, позади бич бар Разматаш и Гиро стрит фут, на само 20 метри од плажа. Во куќата располагаме со 7 апартмани погоре опишани, куќата има лифт за 2-3 лица. Сите апартманите имаат балкони доста комотни, чисти и реновирани пред почетокот на сезоната, интернетот е бесплатен во апартманите исто така и клима уредите (во секој апартман има по една клима). Во сите апартмани има пешкири(крпи) по две големи и по две мали, освен во апартман 7 каде нема крпи. Кујните се комплетно опремени со мини штопрети и прибор.
Во Близина: Плажа на 20 метри, маркет на само 20 метри и на 50 метри, зелено пазарче 100 метри, Кафе бар на само 20 метри, ресторант, гиро на 0 метри, пекара на 10 метри, Лидл на 6 км во Неа Мудања.
–Број 15 Апрт 1/4 Приземје (едноспален)
Апартман со спална во која има еден двоен кревет и два единечни( едниот е за дете до 16 години, 80*160 цм.), кјуна и голема тераса
–Број 16 Апрт 1/5 Приземје (едноспален)
Апартман со спална во која има еден двоен кревет и кујна со еден двоен и еден единечен и голема тераса
–Број 6 Апрт 1/5 втор спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со дневна и кујна со еден двоен и еден единечен кревет, спална со еден двоен кревет, голем балкон со маса и два единечни кревети
–Број 7 Виви Апрт 1/4 втор спрат (двоспален) Поглед на град
Апартман со нова кујна, една спална двоен кревет и друга спална со два единечни кревети, собите ги дели шибер врата, балкон.
–Број 9 Апрт 1/6 трет спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со кујна и дневна со еден двоен (120*200) и еден единечен кревет, спална со еден двоен кревет и единечен за дете, голема тераса во Г со маса, софа на спуштање и сепаре.
–Број 10 Апрт 1/5 трет спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со дневна и кујна во која има еден двоен и еден единечен кревет, спална со двоен кревет, голема тераса со маса и два кревета.
–Број 12 Апрт 1/5 трет спрат (едноспален) Страничен поглед море
Апартман со кујна и дневна со еден двоен и еден единечен кревет, спална со еден двоен кревет, голема тераса во Г со маса и сепаре.
- Цените се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- Употребата на клима уред во Апартман Зокас е бесплатна (каде што е достапен),
- Доплата за туристичка такса 1,5 € € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
- Попуст за резервирации на два последователни термина -7% на вториот термин ( Не важи за цените со рани резерваии)
- Во апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител.
- Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)
- Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (секоја Недела): 50 € (40€ за деца 2-12 год)
- Поаѓање : Штип (Нова Пошта 05:00), Струмица(БП. Макпетрол на влез 06:00) , Скопје (Вип Хотел 04:00)