vila Mihalis, Krf

Вилата Михалис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос на 250 метри од плажата. Вилата е стандардно грчко сместување кое располага со двокреветни соби и можност за додавање на трет дополнителен (не стандарден) кревет. Сите студија располагаат со мини кујна, опремени со основен прибор, како и решо за готвење, ви-фи интернет. Студијата располагаат со клима уред кој може да се користи со доплата од 7 евра од ден во самата вила. Собите се наоѓаат на приземје, прв спрат и втор спрат, од кои сите имаат тераса, освен 4 еко студија кои немаат тераса. За секој патник следува по еден пешкир, додека основните лични средства за хигиена (шампон, сапуни, како и сунгерчиња, сјај за садови и тоалетна хартија) се ваша одговорност.

Постојат 3 типа на соби:

*Regular – стандардна соба со реновиран тоалет на приземје и прв спрат
*Economy – стандардни соби со класичен тоалет на втор спрат
*Economy без тераса – стандардни соби кои немаат тераса на втор спрат

GPS координати 39.706358636971466, 19.839586015373815

Термин: Тип соба Regular Economy Economy без тераса
25.05-01.06 1/2 89€ 79€ 69
01.06-08.06 1/2 99€ 89€ 79
08.06-15.06 1/2 109€ 99€ 89
15.06–22.06 1/2 119€ 109€ 99
22.06-29.06 1/2 129€ 119€ 109
29.06-06.07 1/2 139€ 129€ 119
06.07-13.07 1/2 159€ 149€ 139
13.07-20.07 1/2 179€ 169€ 159
20.07–27.07 1/2 179€ 169€ 159
27.07-03.08 1/2  189€ 179€ 169
03.08-10.08 1/2 199€ 189€ 179
10.08-17.08 1/2 199€ 189€ 179
17.08-24.08 1/2 199€ 189€ 179
24.08-31.08 1/2 179€ 169€ 159
31.08-07.09 1/2 149€ 139€ 129
07.09-14.09 1/2 129€ 119€ 109
14.09-21.09 1/2 119€ 109€ 99

Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 20 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА  туристичка такса од 1.5евро по соба на ден. Се плаќа во автобус.

  • Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
  • Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
  • ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
    • Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
    • Дете од 3 до 12 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 20 евра за траект
    • Дете од 3 до 12 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 20 евра за траект.

    ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:

    • Check in во собите е после 16h по грчко време
    • Check out е до 09h. Багажот се остава во дел предвиден за куфери.
    • Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот