vila Marija, Nei Pori
Вилата е лоцирана во новиот дел на Неи Пори, на околу 230м. од плажа.
Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија и полуапартмани (кујната е со врата одвоена од собата), како и петокреветни и шестокреветни дуплекс апартмани. Во дворот има гарнитури за седење, како и тоалет за последниот ден од престојот. Секое студио / апартман располага со основно опремена кујна, купатило, балкон, ТВ, Wi-Fi (агенцијата не е одговорна за неговиот квалитет), клима (со доплата).
15% попуст за резервации до 01.02.2025 со целосна уплата
10% попуст за резервации до 01.02.2025 со 50% уплата
Google maps:
Latitude: 39.974105
Longitude: 22.654645
Линк за локација: https://www.google.com/maps/place/39%C2%B058’26.8%22N+22%C2%B039’16.7%22E
ЦЕНИТЕ во табелата(без *) се дадени за наем на студио за 10 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.)
Цените во табелата со (*) се дадени по лице со превоз. За со сопствен превоз се одбива 25еур.
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенцијата.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Дозволено е едно дете до 7год. да може да се спие помегу родителите.
Превземање на собите е по 16 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.