Apartmani Gogov

Апартмани Гогов е изграден во 2023 година и располага со комплетно нови соби. Вилата е лоцирана во строгиот центар на Калитеа, на 20 метри од морето. Апартманите Гогов располагаат со капацитети од 16 соби, со различни типови на соби и апартмани.

1/2 студијата се опремени со кујна со фрижидер, тоалет, клима, ТВ, тераса…

1/4 студијата располагаат со брачен кревет и софа. Имаат комплетно опремена кујна, приватен тоалет, клима уред, ТВ и простран балкон.

Супериор собите нудат пространо и удобно искуство со две посебни спални соби, пријатна дневна соба и балкон. Секоја единица е опремена со основни погодности, вклучувајќи LCD телевизор, клима уред и добро уредена кујна со мини фрижидер, шпорет и микробранова печка.

Трпезаријата е опремена со маса и столици прилагодени на капацитетот на сместувањето, а прозорците се со ролетни и завеси за дополнителна приватност. Постелнината и крпите се составен дел на секоја сместувачка единица и се менуваат еднаш за време на престојот.

Агенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.

Цените се дадени за наем на студио за 7 нокевања, и се изразени во евра (1еур=62ден)

Во цената не е вклучена тур.такса