vila Fani, Nea Fokea
Куќа „Фани“ е лоцирана под локалната улица, во мирен дел на почетокот на Фокеа, има прекрасно мало дворче а е оддалечена околу 80 метри од море и плажа до кои може да се симнете по 15-20 скали. Покрај кејот под неа има шеталиште од околу 1км до светилникот. Трикреветните студија и еден аапртман се наоѓаат на високо приземје приземјето, а останатите апартмани на прв кат, сите имаат комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени морето. До куќата има паркинг. Во собите нема пешкири како дел од опремата.
Координати: 40.136475, 23.396766
Цени по лице со вклучен превоз
Цени за наем на Студио/Апартман за 7 ноки

Цени по лице со вклучен превоз
- Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)
Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.
Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања.
За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.
Преземањето на собите е од 15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време.
Агенцијата не е одговорна за квалитетот на и нтернетот во објектот.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла
Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место.
Превоз:
За возрасни 3,100 денари (50 евра)
За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)


