vila Margarita

Villa Margariti е сместена во Нидри, на островот Лефкада на само 100м оддалеченост од морето и 200м оддалеченост од гратската плажа, во регионот Епир на Јонскиот брег на Грција. Villa Margariti  е двокатен објект. Собите се опремени со мала кујна со основен прибор, маса и столчиња. Клима уред со доплата и Wi-Fi се достапни во објектот. Во близина има пекара, маркети и таверна. На растојание од неколку стотини метри се наоѓа и водопадот Димосари.
Приватен паркинг не е достапен.

Цените во табелата се изразени во евра (1еур=62ден.) и се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).


ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ  
– Доплата за туристичка такса 1.5€ по соба на ден (се плаќа во објектот)

– Употребата на клима уредoт се доплатува 6еур на ден.

** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување.

 -Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.Препорачуваме користење на интернет пакет во роаминг од вашиот оператор.
 -Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување.
– Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.Секоја промена на резервација се наплатува 10 € .
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
 Цена на повратен автобуски превоз: 80 EUR (60 EUR за дете 02 до 12 год.)