Nova Godina vo Rtanj-Etno kompleks Balasevic
Дочекајте ја Новата 2026 година во топол и пријатен амбиент во Хотел “Балашевиќ” со прекрасен поглед од снежните падини на Р’ТАЊ. Термин 29.12.2025 – 02.01.2026
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 319 евра (цена по лице)
Понудата вклучува:
– 3 ноќевања со појадок (богата шведска маса) + 1 ноќевање гратис на 29.12.2025
– 3 свечени вечери со организирана жива музика (30.12, 31.12 и 01.01)
– Користење на СПА-центар
– Посета на Врело
– Посета на Сокобања
– Автобуски превоз
– Лиценциран пратител
ПРВ ДЕН (29.12.2025) Понеделник
14:00h Тргнување од Дрводекор, Скопје. 14:30h Тргнување од Куманово. Патувањето го продолжуваме кон Србија. Пристигнување во Етно Комплекс Спа Центар Балашевиќ-‘Ртањ, сместување во собите. Слободно време за користење на Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (30.12.2025) Вторник
Во попладневните часови се упатуваме на прошетка до селото ’Ртањ и посета на ВРЕЛО кое е познато по космичката енергија-“Светилиште” и е единствено во Европа.Запознавање со планината ‘Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа.Местото изобилува со ендемски видови на чаеви,од кој најпознат е ‘Ртањскиот чај-познат по лековитата моќ.Исто така ќе ја видите древната пирамида(налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога Планината Ртањ ја посетувал и самиот Хитлер заради нејзините биоенергетски својства тврдејки дека од самата планина собира енергија.Денес ,тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ. Се враќаме во хотел, слободно време за користење на Спа центарот, како и уживање во убавините на комплексот. Во приквечерните часови организирана предновогодишна вечера во комплексот Балашевиќ. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН (31.12.2025) Среда
Појадок ( богата шведска маса ). Слободно време за користење на Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот. Слободно време за подготовка на најлудата ноќ во годината. Организирана свечена вечера со почеток во 20 часот, во придружба на локален бенд и неограничено домашно пакување пијалоци за дочекот на најлудата ноќ во годината во комплексот Балашевиќ. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН (01.01.2026) Четврток
Појадок ( богата шведска маса ). Слободно време за користење на Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот. Организирана втора новогодишна ноќ во комплексот Балашевиќ со свечена вечера во придружба на локален бенд. Ноќевање
ПЕТТИ ДЕН (02.01.2026) Петок
Појадок ( богата шведска маса ). Одјава од хотелот. Предвидено е половина час повторна посета на Врело- пирамидата со магнетни полиња и поаѓање кон Сокобања, одмор и разглед на Сокобања. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.



