Dolamiti, Italija
Лоцирани на сончевата страна на Алпите, Доломитите се дестинација за одмор која е меѓу најдобрите во светот за скијачите кои сакаат различности. Од почетници кои сакаат да запознаат област за скијање која е совршена за семејства со деца, до искусни скијачи која нуди прекрасни падини до ѕвездите на Светскиот куп кои бараат повеќе спортски предизвик. Скијањето на Доломитите значи скијање на патеките на Мармолада, заедно со помали скијачки центри,значи акција во 30 снежни паркови. Новото и модерно хотелско сместување на Алпите заедно со нашиот искусен тим се подготвени да ви го овозможат најубавиот и најзабавен зимски одмор досега. Придружете ни се и поминете незаборавен зимски одмор исполнет со многу активности, дружење и забава. Искусете уникатни моменти и создадете доживотни спомени.
Учесниците ќе бидат сместени во Hotel Orsa Maggiore 3* кој се наоѓа непосредно до прекрасните стази на Доломити.
Придружете ни се и поминете незаборавен зимски одмор исплонет со многу активности, дружење и забава.
Датум: | 08.01 – 14.01.2025 14.01 – 20.01.2025 |
Времетраење: | 6 ноќевања |
Дестинација: | Доломити, Италија |
Транспорт: | Автобус од Скопје *Можност за авионски превоз (со доплата) |
Цена: | 495 еур – со вклучен автобуски превоз 399 еур – без вклучен автобуски превоз |
Во цената е вклучено:
- 6 ноќевања на база полупансион ( појадок – Шведска маса, вечера = предјадење, главно јадење и десерт ) во Hotel Orsa Maggiore 3*
- WSC програма со едукативни активности
- Автобуски превоз на релација Скопје – Доломити – Скопје
- Патролни инструктори
- Професионални инструктори и водичи
- Wi-Fi во хотел
- Бесплатен shuttle bus до гондолата
Во цената не е вклучено:
- Ски опрема
- Ски карта
- Туристичка такса 2,5 еур од ден ( плаќање во хотел )
- Патничко осигурување
Забелешки:
- Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зонаta
- Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
- При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот
- Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД