Nova Godina vo Isanbul (2 nokevanja)

Нова Година во Истанбул 2 ноќи 2025-та

23.12.2024 – 01.01.2025……………129eur

Што е вклучено во цената

-Две ноќевања и појадок во хотел со 2* и 3*

-Автобуски превоз

-Туристичка такса

-Лиценциран туристички придружник

-Посета на Капали Чаршија

-Посета на турската продавница за слатки работи ,, Коска “

-Посета на аутлет трговски центар ,, 212 “

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Факултативи излети
  • Индивидуални трошоци
  • Задолжителна уплата од 25евра депозит за факултативни излети

План и програма

Прв ден (29.12.2024) 

Турата стартува од паркингот на Хотел Русија околу 16:00 часот од Скопје. Попатни застанувања за качување на други патници, ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните четири дена.

Втор ден(30.12.2024) 

Пристигнување на групта во Истанбул

Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп Травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Checк in во хотелот е после 14:00 ча

Во договорено време се упатуваме на Крстарење.

Крстарење по Босфор
Ви нудиме еден час крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот локален водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ќе се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин. На крстарење тргнуваме од европската страна на Истанбул а бродот не остава во азискиот дел на Истанбул.

Балат
Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат турските серии и да се напиете турско кафе, варено на песок.

Таксим плоштад
Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај Таксим поминува познатата улица „Истикал“ на која се движи познатиот трамвај! На Истакал сенаоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а за љубителите на шопингот гарантираме дека ќе изгубат ориентација за време бидејќи има премногу продавници. Ова значи дека групата има идеална можност за поминување на слободно време, за сечиј вкус.

Трет ден (31.12.2024)

По појадокот патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи  се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината.

Капали Чаршија 

Света (Аја ) Софија

Слободно време за подготвување за Дочек на Новата Година.

Во договорено време, со автобус се упатуваме на брод каде што ни претстои 4 часовно крстарење, и да ја дочекаме најлудата ноќ под мостот на Босфор.

Во договорено време се чекаме и со оние патници кои ќе одберат забава во хотел со Dj balkan party.

Четврти ден (01.01.2024) 

По појадокот во хотелот следува одјавување околу 10ч. и посета на продавницата за слатки работи”KOСКА“, тука можете да си земете нешто и за дома-локуми, баклави,чоколадирани ф’стаци, лешници и бадеми и многубројни други традиционални слатки. Од Коска се упатуваме на шопинг во Аутлетот 212 во Истанбул.

 

Факултативни излети

1. Дочек на Нова Година на брод на Босфор

Цена за пакет: 90
  • Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
  • Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ЕТА, 4 часовно крстарење
  • Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
  • Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
  • Организирани и резервирани конопои за секој гостин
  • Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
  • Вклучена храна за време на забавата
  • Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
  • Професионално фотогафирање
    + Можност за купување на пијалоци по најниска цена

2. Дочек на Нова Година на приватна забава во хотел

Цена за пакет: 50
  • Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година во Хотел вклучува:
  • Влезница за дочекот
  • Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
  • Организиран превоз од хотел и назад, доколку е потребно
  • Организирани и резервирани конопои за секој гостин
  • Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
  • Вклучена храна за време на забавата
  • Забава со Dj balkan party
  • Професионално фотогафирање
    + Можност за купување на пијалоци по најниска цена

3.Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад

Цена за пакет: 40€

Оваа факултатива се купува како пакет, целодневна факултатива.