Nova Godina vo Lutraki
Лутраки (Пожар) – Нова Година 2025
30.12.2024-01.01.2025………………..150eur
Лутраки (Пожар) се наоѓа во северозападниот дел од котлината Меглен, во зелените делови на планината Кајмакчалан, на само 13 километри од градот С’ботско. Лутраки е претставен како дар од природата кој е опколен со бујна вегетација, бројни манстири, потоци, а најпознати од се се топлите бањи. Топлите бањи се со температура на водата од 37 до 38 степени Целзиусови.
Големиот базен зафаќа површина од 25м ширина и 50м должина, а помалите се длабоки само 1м и долги околу 10м, широки 30м и е совршен за сите возрасни групи.
Посетете го ова живописно место кое изобилува со прекрасна природа и многубројни природни водопади кои ќе го направат вашиот престој незаборавен! Уживајте во бањите со термална вода со кои изобилува Лутраки – вистински бисер на природата!