Nova Godina vo Zagreb
ЗАГРЕБ (со посета на Љубљана)
1 Ден 29.12 Недела СКОПЈЕ–ЗАГРЕБ
Состанок со групата на паркингот пред поранешен хотел Бристол во 19.30 часот , тргнување во 20:00 часот и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија.
2 Ден 30.12 Понеделник ЗАГРЕБ
Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската Kатедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица… Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно време за уживање во убавините на градот Загреб и новогодишната и божиќнaта магија.
Празничната атмосфера е спектакл кој го трансформира главниот град во зимска земја на чудата. Повеќе од 25 поединечни Божиќни базари се распространети низ главните плоштади и шеталишта во градот, секој со своја уникатна тема, а сепак се спојуваат за да дадат чувството на еден сеопфатен базар. Шармантните тезги нудат божиќни подароци, сувенири, традиционални ракотворби, разновидни пецива, ароматично греeно вино. Блескавите светла, шарените орнаменти и сезонските украси ја надополнуваат програмата со забавни и културни изведби на отворено. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 Ден 31.12 Вторник ЗАГРЕБ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Посета на шопинг центар “Arena Centar”. Вечерта, дочек на Новата Година на плоштадот. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 Ден 01.01 Среда ЗАГРЕБ – ЉУБЉАНА – ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел. Факултативна посета на Љубљана. Разгледување на градот: Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер… Враќање во Загреб и поаѓање кон Македонија. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови.
За уплата до15.11: 229 € / 14.200 мкд
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 € / 14.820 мкд
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Автобуски превоз на релација Скопје-Загреб-Скопје
-Сместување во хотел Aristos 4* во Загреб на база 2 ноќевања со појадок
-Организиран разглед на Загреб со локален водич
-Посета на шопинг центар Arena Centar
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Посета на Љубљана 50 €
-Патничко – здравствено осигурување
-Туристичка такса 400 мкд по лице за целиот престој (се плаќа во Агенција)
–Доплата за избор на седиште во автобус 10 €
-Дете до 3 години гратис (без легло)
-Дете од 3-7 години (без легло, со седиште во автобус) 6.140 мкд за две ноќевања
НАПОМЕНИ:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
Пријавување за факултативните излети при резервација (за реализација е потребно минимум 30 патници).
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност 1 € = 62 денари.