Nova Godina vo Rtanj
Дочекајте ја новата 2025 година во топол и пријатен амбиент во Хотел “Балашевикј”
со прекрасен поглед од снежните падини на ,Р’ТАЊ
Поаѓање:
29.12.2024
275 евра 3 ноќи +1 гратис
4 Ноќи со појадок и вечера (оранизирани свечени вечери со жива музика)
Едно ноќевање гратис
Користење на СПА-Центар (базен, сауна)
Автобуски превоз
ПРВ ДЕН (29.12.2024) Недела
07:00h Тргнување од Дрводекор, Скопје. 07:30h Тргнување од Куманово. Патувањето го продолжуваме кон Србија. Пристигнување во Етно Комплекс Спа Центар Балашевиќ-‘Ртањ, сместување во собите во 14.00 часот. Слободно време за користење на базените (внатрешен и надворешен) и Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (30.12.2024) Понеделник
Појадок ( богата шведска маса ). По појадокот се упатуваме на прошетка со локален водич до селото ’Ртањ кое е познато по космичката енергија-“Светилиште” и е единствено во Европа.Запознавање со планината ‘Ртањ и со сите вистини и преданија поврзани со неа.Местото изобилува со ендемски видови на чаеви,од кој најпознат е ‘Ртањскиот чај-познат по лековитата моќ.Исто така ќе ја видите древната пирамида(налик на месечевата пирамида во Мексико) на која што се наоѓа мистериозната црква изградена во стил на синагога Планината Ртањ ја посетувал и самиот Хитлер заради нејзините биоенергетски својства тврдејки дека од самата планина собира енергија.Денес ,тука многу често изворот на својата енергија ја пронаоѓа и најдобриот тенисер на сите времиња Новак Џоковиќ. Се враќаме во хотел, слободно време за користење на базените (внатрешен и надворешен) и Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот. Во приквечерните часови организирана предновогодишна вечера во комплексот Балашевич. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН (31.12.2024) Вторник
Појадок ( богата шведска маса ). Слободно време за користење на базените (внатрешен и надворешен) и Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот. Организирана свечена вечера со почеток во 20 часот, во придружба на локален бенд и домашно пакување пијалоци за дочекот на најлудата ноќ во годината во комплексот Балашевич. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН (01.01.2024) Среда
Појадок ( богата шведска маса ). Слободно време за користење на базените (внатрешен и надворешен) и Спа центарот,како и уживање во убавините на комплексот. Организирана втора новогодишна ноќ во комплексот Балашевич со свечена вечера во придружба на локален бенд. Ноќевање
ПЕТТИ ДЕН (02.01.2024) Четврток
Појадок ( богата шведска маса ). Одјава од хотелот. Поаѓање кон Сокобања, одмор и разглед на Сокобања. Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.