hotel Alegria Maripins 4*, Malgrat De Mar

ALEGRIA Maripins 4*, е на 50м од плажата Малграт де Мар, на брегот Марезме, 65 километри северно од Барселона. Се наоѓа на 400 метри од центарот на градот, располага со отворен базен.

Сите соби се климатизирани и имаат приватен балкон со поглед на море, планини или базен.

ФАНТАСТИЧНА ЛОКАЦИЈА – Хотелот е сместен на прва линија до плажа, совршено место за уживање во брегот на Коста Барселона! Само на чекор до песочната плажа и близу до Барселона за дневни екскурзии!

КОМФОРНИ И МОДЕРНИ СОБИ – Опремени со сè што ви е потребно за удобен престој: приватен балкон, клима, ТВ, минибар, удобни кревети и прекрасен поглед кон морето или базенот!

БЕСКРАЈНА ЗАБАВА И РЕЛАКСАЦИЈА – Хотелот располага со голем базен, бар покрај базенот, анимации за деца и возрасни, како и опуштена атмосфера идеална за секој вкус!

ГУРМАНСКО ИСКУСТВО – Уживајте во богатиот избор на вкусови во ресторанот со шведска маса, каде што ќе најдете разновидна локална и интернационална кујна!

ИДЕАЛНО ЗА СЕМЕЈСТВА, ПАРОВИ И ДРУШТВО! – Без разлика дали патувате со семејството, саканата личност или пријателите, ALEGRIA Maripins 4**** е вистинскиот избор за вас!

Во цената е вклучено:
  • 7 ноќи во во Хотел Алегриа Марипинс 4* на база полупансион
  • Аеродромски такси
  • Повратен авионски билет Скопје-Барселона-Скопје,
  • Трансфер од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
  • Рачен багаж со димензии согласно политиката на Визз аир
  • Политика за деца – Попуст за деца од 2 до 11,99 години.
Во цената не е вклучено:
  • Туристичка такса (2 евра од ден по лице, се плаќа на лице место- подложно на промени)
  • Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
  • Доплата за багаж според моменталната цена на WIzz air

Забелешки:  

  • Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната
  • Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување
  • цените се дадени во евра (1еур=62ден.)
  • Во хотелот има на располагање дво и трокреветни соби, четворокреветните соби се на барање.
  • Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.