hotel Don Juan 4*, Lloret De Mar (Spanija avtobus)
ШПАНИЈА – АВТОБУС – Септември 2025
Период 07.09.2025-18.09.2025
Хотелски комплекс кој располага со 2 надворешни базени,простор за одмор и детски базен. Оддалечен од центарот на градот Лорет де Мар на само 100 метри.Собите се со сопствено купатило, клима уред и сателитска ТВ.
Има комплетна забавна програма за сите возрасти. Собата за игри вклучува маса за билјард, пинг-понг и има тениско игралиште на лице место. Гостите можат да се релаксираат во ТВ-собата. Хотелот нуди и широк спектар на дневни и ноќни активности.
Сите оброци (појадок,ручек и вечера) се служат во ресторанот Нива, украсен со јапонски градини и нуди широк спектар на медитеранско и шоу готвење во стил на шведска маса. Исто така постои и бар услуга покрај базенот.
Програма на патувањето:
07.09.2025
Поаѓање од Скопје во 14.00 ч. Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
08.09.2025
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*). Ноќевање
09.09.2025
Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери.
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
10.09.2025
Пристигнување во Лорет Де Мар и сместување во хотел со 4*- Hotel Don Juan 4*
Лорет де Мар е едно од нај – тренди местата на Коста Брава сместен на околу 70 км од Барселона. Големи песочни плажи, забава за млади и уживање во локалните ресторани.
Град во кој без разлика на возраста секој има каде да се пронајде.
10.09.2025 – 16.09.2025 – Престој во Лорет де Мар
16.09.2025
После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили. Ноќевање
17.09.2025
Појадок и одјавување од хотел. Поаѓање кон Скопје.
18.09.2025
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови
ЦЕНА: 649 ЕУР – РАНА УПЛАТА (До 15.06.2025)
Цена по 15.06.2025 – 699 еур
Цената на аранжманот вклучува:
– Организација на патувањето и водич
– Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
– 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
– 6 полни пансиони (појадок, ручек и вечера – шведска маса) во Hotel Don Juan 4*, Лорет де Мар во дво и трокреветни соби
– 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
– Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло
Цената не вклучува:
– Патничко осигурување, истото може да се извади и во агенција по цена од 650 денари
– Доплата за еднокреветна соба = 50 еур по лице / за сите ноќевања во хотел според програмата
– Задолжителна туристичка такса во хотел во Италија и Шпанија = 2 еур по лице / ден., се плаќа на рецепција во хотел при сместување
– Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
– Патниците мора да поседуваат валиден пасош со рок на траење од мин. 90 дена од влез во