vila Maria’s House

Вилата „Maria`s house“ се наоѓа во централниот дел на Никити, на само 40 метри од плажа. Располагаме со трикреветен и петокреветен дуплекс апартман на прв спрат кои имаат поглед на улица и страничен поглед од терасите кон море.

Апартман бр.1

1/3+1 апартман на прв спрат. Во првата просторија има комплетно опремена кујната, еден кревет на расклопување, клима (вклучена). Во другата просторија има брачен кревет и сопствено купатило.

Апартман бр.2

Петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Во првата просторија има комплетно опремена кујна, од неа се влегува до две посебни спални соби издвоени со врати. Тука има по еден брачен кревет, клима (вклучена) и сопствено купатило

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ 

деца до 12 години 40€ 

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно