vila Acantus

Вилата Acanthus е модерен и пријатен објект сместен во мирниот дел на Торони, на само 150 метри од прекрасната песочна плажа. Со уреден двор, бесплатен паркинг и домашна атмосфера, оваа вила е одличен избор за семејства и парови кои бараат комфор, чистота и близина до морето.

Вилата се наоѓа на околу 150 метри од плажата во Торони, на 1 км од центарот на местото и околу 130 км од аеродромот во Солун. Во непосредна близина има таверни, пекари, маркети и кафулиња. Познатите плажи Tristinika, Akti Aretes и Destenika се на само неколку минути возење.

Објектот располага со двокреветни, трокреветни студија и четирикреветни апартмани, сите комплетно опремени и уредени со вкус. Секое сместување вклучува:

– клима-уред (вклучен во цената)

– телевизор со рамен екран

– бесплатен Wi-Fi интернет

– сеф

– приватен тоалет со туш

– комплетно опремена кујна со фрижидер, решо и прибор

– балкон со поглед кон планина или двор

Во рамките на вилата гостите имаат на располагање градина, скара (BBQ), како и заеднички салон за одмор. На располагање е и бесплатен приватен паркинг во состав на објектот.

Координати: 39.985536, 23.905078
Видео линк: https://youtu.be/OYXNxJ5K7fU

Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд, за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена
НАПОМЕНИ:
– Доплата за туристичка такса 14 € по соба  (доплата во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е
после 14:00 часот (локално време);
-За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
-Aгенцијата не е одговорна за квалитетот на интернетот во објектот.
– Доплата за превоз: 50€ за возрасни / 40€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);