vila Niko, Nea Potidea

Куќа „Нико“ е лоцирана кон крајот, под борова шума, во најубавиот дел на Неа Потидеа, на 50 метри од море, со прекрасно уреден заеднички двор. Студијата и апартманите кои се наоѓаат на приземје, на прв и на втор кат од куќата се максимално конформи, внимателно и темелно градени во традиоционален грчки стил. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената, терасите се свртени кон улица или планина. На приземјето е сместена рецепција каде што се пријавуваат гостите. Во собите има пешкири како дел од опремата.

Координати: 40.19033654557645, 23.337500743115683

Цени по лице со вклучен превоз

 

Цени за наем на Студио/Апартман за 7 ноки

 

Цени по лице со вклучен превоз

Цените се изразени во евра (1еур=62ден.)

Цените во табелите 1 и 3 се објавени за 1 (едно) лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна, плаќаат сите лица кои престојуваат а кои се повозрасни од 1 година.

Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања.

За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбиваат 1.240 денари (20 евра) од целосната-вкупната сума на аранжманот а не од лице.

Преземањето на собите е од  15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време.

Агенцијата не е одговорна за квалитетот на и нтернетот во објектот.

Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла

Туристичката такса која од лето 2025 година изнесува 2 еврa на ден се плаќа на самото место.

Превоз:

За возрасни 3,100 денари (50 евра)

За деца до 11,99 години 2.480 денари (40 евра)