Vila Alithea, Jerisos

Вила Алитеа се наоѓа во Јерисос лоцирана на самата плажа. Вилата располага со нов четворокреветен модерно опремен апартман на втор спрат. Дневен престој со аголна гарнитура која не се пушта, трпезарија, комплетно опремена кујна со најнов инвентар и кујнски апарати. Посебна просторија со брачен кревет и еден единечен кревет.  Две клими и wifi (вклучени во цена), тоалет опремен со сите средства за лична хигиена, голем балкон со директен поглед на море и паркинг.Чистење на апартманот,менување на постелнина и пешкири е секоја среда.Максимум може да се сместат 4 лица.

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.).

Доплата за туристичка такса 21 еврo по студио/апартман, се плаќа во агенција.

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. 

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.