vila Armenos
Вила Armenos elegance apartments се наоѓа во Јерисос на 150 метри од градската плажа, во мирен дел на градот. Вилата располага со четворокреветен мезонет, петокреветен мезонет и шестокреветен апартман. Собите се луксузно опремени со нов мебел и во секоја од нив има комплетно опремена кујна (тостер, електричен бокал, апарат за кафе), клима (вклучена во цена), wi-fi,сопственo купатило опремено со сите средства за лична хигиена, пешкири,фен и балкон. Паркинг на 20 метри од вилата.
1/4 мезонет – број 2 – се наоѓа на втор спрат со страничен поглед на море.Дневен престој со аголна гарнитура, трпезарија, кујна, тоалет и балкон.Скалите водат до спална со два единечни споени кревети. Во овој мезонет може да се сместат максимум 2 возрасни и 2 деца до 12 години или 3 возрасни лица.
1/5 мезонет апартман – број 1 – се наоѓа на втор спрат со директен поглед на море.Дневен престој со аголна гарнитура, трпезарија, кујна, тоалет, балкон и посебна просторија со брачен кревет. Скалите водат до спална со два единечни споени кревети.Во овој мезонет може да се сместат максимум 5 возрасни и 1 дете до 12 години.
1/6 апартман – број 3 – се наоѓа на прв спат со страничен поглед на море.Дневен престој со кујна и трпезарија во која се наоѓа софа на спуштање за 2 возрасни лица и 2 кревети на спрат.Има посебна просторија со брачен кревет.Во овој апартман може да се сместат максимум 6 возрасни лица и 2 деца до 6 години.
7% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 22.01.2025 до 28.02.2025 (минимум уплата од 30% и доплата до 31.05.2025)
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.).
Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден,се плаќа во агенција.
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.Попустот важи само на редовни цени.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Цена за превоз:
Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€
деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време.