vila M&B Suites

Вила M&B Suites се наоѓа во мирен дел на градот на само 50 метри од градската плажа. Вилата располага со три четворокреветни студија и едно трокреветно студио. Сите соби се луксузно опремени со најнов инвентар. Комплетно опремена кујна, клима (вклучена во цена), сопствено купатило, тераса и сопствен паркинг.Чистењето на апартманот и менување на постелнина и пешкири е секоја среда.

Студио бр.1 – располага со голем брачен кревет и софа која не се пушта. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 10 години или 3 возрасни лица.

Студио бр.2 – располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица.

Студио бр.3 – располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица.

Студио бр.4 – располага со голем брачен кревет и дупла софа на пуштање. Во ова студио може да се сместат максимум 2 возрасни лица и 2 деца до 12 години или 4 возрасни лица.

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.).

Доплата за туристичка такса 21 еврo по студио/апартман, се плаќа во агенција.

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин.Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. 

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 50€ / Еден правец 40€

деца до 12 години 40 € / Еден правец 35 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно