Elia Beach Apartments
Elia Beach Apartments – Врахос (50м од плажа) – се наоѓа на прв ред до песочната плажа. Сместувањето е комплетно реновирано во 2022 година. Покрај реновираните соби и зграда, на гостите им се нуди идеална локација и тивка средина со прекрасен двор во сенка од маслинови дрвја. Плажата е веднаш пред вилата, а сите други содржини се на само неколку минути пешачење. Елиа Бич нуди 11 сместувачки единици за 2-5 лица. Располага со студија (20м2) со брачен кревет и единечна или дупла софа на преклоп и може да прими од 2 до 4 лица. Сите соби имаат пристап до интернет, клима (ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНА) и ТВ, комплетно опремена кујна (шпорет со два горилници, фрижидер со замрзнувач) и балкон со директна или делумен поглед на море. Бањите имаат фен и туш када со завеса. Паркинг за сите гости е обезбеден бесплатно. Чистењето се врши секој ден, а постелнината и крпите се менуваат на секои три дена.
Maps https://maps.app.goo.gl/rYgcXs4d1auAJMPXA
Попусти за рана уплата : -7% до 28/02/2025
Цените се дадени за наем на студио/апп на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети), oсвен едно дете до 7г. во кревет со родител.
Термините кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Гостите од апартманите можат да користат лежалки и чадори на плажа бесплатно (со нарачка на пијалок)
- Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден. Се плаќа на рецепција.
- Агенцијата не гарантира за квалитетот на интернетот во објектот.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ……70eur по лице