Apart Hotel Katerina, Kanali
Хотел Катерина 3* – Канали (50 м од плажа) е уреден комплекс на апартмани кој наоѓа покрај прекрасната плажа Канали на јонскиот брег на околу 15 километри од Превеза. Големиот базенски комплекс со посебен детски базен има бар, лежалки, чадори и услуга покрај базен. Комплексот е рај за децата бидејќи можат да се забавуваат колку што сакаат, без да ве вознемируваат вас и вашите соседи.
Во хотелскиот бар покрај базенот можете да уживате во шведска маса за појадок, кафиња, сладоледи, коктели и многу повеќе (со доплата). Ресторанот нуди широка понуда од традиционална и интернационална кујна, за ручек и вечера. Се организираат и забавни вечери со полн оркестар и традиционални играорци. Апартманите се опремени со ТВ, фрижидер, кујна, клима (ВКЛУЧЕНА ВО ЦЕНА), телефон и интернет. Хотелот нуди студија и апартмани кои се погодни за семејства.
https://maps.app.goo.gl/LbZnXxC1dW6UaZLQ9
-10% попуст до 28/02/2025
Цените се дадени за наем на студио/апп на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување спрема капацитетот на студио (број на кревети), oсвен едно дете до 7г. во кревет со родител.
Термините кои се обележани со црвено се промотивни и не подлежат на попуст.
Климата е ВКЛУЧЕНА во цена. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Гостите од апартманите можат да користат лежалки и чадори на плажа бесплатно (со нарачка на пијалок)
- Доплата за туристичка такса 2€ по соба на ден. Се плаќа на рецепција.
- Агенцијата не гарантира за квалитетот на интернетот во објектот.
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ……70eur по лице