Grand hotel Milan 3*, Ayvalik

Препознатливиот туристички регион Ајвалик е засолниште за патниците кои бараат совршен одмор под сонцето на широката песочна плажа Саримсакли . Ова познато летувалиште се наоѓа на околу 150 километри од Измир.

Саримсакли се издвојува со прекрасната песочна плажа испрскана од брановите на тиркизното Егејско Море. Плажата долга околу 15 километри ја краси синото знаме поради чистотата на водата и брегот. Климата на овој крајбрежен град, кој има околу 7.000 жители, е погодна за белодробни и срцеви заболувања. Дестинацијата е позната како воздушна бања благодарение на екстремно сувиот воздух. Светската здравствена организација го рангираше Саримсакли на самиот врв на дестинации препорачани за луѓето со овие проблеми.

Љубителите на крстарењата ги чека незаборавни возења со брод околу Ајвалик. Пливање и уживање во најубавите заливи скриени во Егејското Море и брегот на Турција.

Hotel Grand Milan 3* е економичен хотел кој ги има освоено сите симпатии на гостите поради својата добра услуга, внимание и љубезноста на персоналот. Оддалечен е од плажата само 30 m и 300 m од центарот. Хотелот има ресторан, мал базен за возрасни и деца, лоби бар, паркинг, сеф на рецепција, интернет во лобито. Хотелот поседува приватен дел на плажата, уреден со лежалки и чадори и за гостите се вклучени во цената. Во понуда се 54 соби, климатизирани, со две или три легла и имаат телефон, сателитска ТВ, фен, мини бар, француски балкон. Услугата е на база полупансион, а ручек може да се уплати директно во хотелот.

Во цената е вклучено:
🚌Автобуски превоз Скопје-Ayvalik-Скопје
🛏️Сместување во хотел 7 ноќи или 9 ноќи (според табелата)
🥣Појадок и Вечера (шведска маса)
⛱️Лежалки и чадори на плажа
Koристење на базен
Цените се дадени во евра, 1еур=62ден.
Политика за деца :
  • Деца од 0 – 5,99 год. – Бесплатно сместување во хотел. ( плака повратен автобуски билет 80 eur).
  • Деца од 6 – 11,99 год. – 30% попуст од вкупната цена.
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • За single соба се доплаќа дополнителни 50% од аранжманот
  • Организиран бесплатен превоз од: Скопје, Велес, Градско, Неготино, Гевгелија.