vila Alberti, Shengin

Вила АЛБЕРТИ се наоѓа на сама плажа и е во непосредна близина на центарот. Располага со студиjа за 4 лица (брачен кревет и кревети на спрат) и апартмани од 5 до 6 лица со истата структура на кревети на прв и втор кат без лифт. Сите сместувачки капацитети се опремени со: Легла во зависност од студиото/апартманот, тоалет , балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна, решо со една рингла за приготвување на лесна храна и TV. Вилата исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите и е обезбедена со камери. Вилата нема пешкири. Во вилата има WIFI, но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.

Шенгин има широка песочна плажа долга 5 километри и за да ја прошетате цела ви е потребно околу час и половина. Шеталиште долго повеќе од 2 километри, богато со игралишта за деца, сувенирници, ресторани.

Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:     

  1. Наем на 7ноќи/8дена во сезона во јули и август,
  2. јуни и септември се по лице со вклучен превоз.Во студио1/4 плакат 2 лица, а во Апп1/6 плакат 3 лица. 
  3. Клима уред
  4. Паркинг (ограничени места)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

– Превоз за трето и 4то лице ( 50е за возрасни, деца од 2 – 12 год 30евра, деца до 2 год. бесплатно). Цените се за повратен билет.
– Туристичка такса 0,5 центи од ноќ по соба – се плаќа во агенција.
– Пешкири
– Патничко осигурување

Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.

Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни