Apart hotel Sarti Blue

Apart hotel Sarti Blue се наога во новиот дел на Сарти, познат како Sarti Beach, лоцирана 30м. од плажата.

Објектот поседува базен на кровот од кој се пружа убав поглед на морето и Света Гора. Во својот состав има и ресторант каде што може да се уплати појадок и вечера.

Вилата поседува туш во дворот, како и просторија за последниот ден.

Во вилата постои WI-FI, но агенцијата не е одговорна за неговиот квалитет.

Google maps:
Latitude:  40.08069
Longitude:  23.97957

Линк за локација: https://www.google.com/maps/place/40%C2%B004’50.5%22N+23%C2%B058’46.5%22E

ЦЕНИТЕ во табелата(без *) се дадени за наем на студио за 10 ноќевања, и се изразени во евра (1еур=62ден.)

Цените во табелата со (*) се дадени по лице со превоз. За со сопствен превоз се одбива 25еур.

Доплата за туристичка такса 2 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенцијата.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Дозволено е едно дете до 7год. да може да се спие помегу родителите.

Превземање на собите е по 16 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.