Sicilija

Сицилија е најголемиот остров во Средоземното Море. Од прекрасни плажи, добро вино, преку волшебни села и историски споменици – Сицилија никого не остава рамнодушен!

Марина ди Рагуза се наоѓа на листата на 5 -те најубавите плажи на Сицилија!

Марина ди Рагуза, се наоѓа на југоисточниот брег на Сицилија – вистински бисер меѓу туристичките дестинации и со право се наоѓа на листата на 5-те најубавите плажи на Сицилија. Оваа шармантна крајбрежна дестинација, позната по пространите златни плажи и кристално чистото море е идеално место за оние кои бараат релаксирачки одмор покрај море, уживајќи во сонцето и разни спортови и активности на вода. Плажите на Марина ди Рагуза се карактеризираат со ситен, златен песок, постепен влез во морето што ги прави совршени за семејства со деца, како и за оние кои сакаат удобно и безгрижно искуство на плажа. Лунгомаре, крајбрежното шеталиште е опкружено со бројни кафулиња, ресторани и продавници, нудејќи им на посетителите можност да уживаат во локалната кујна, пијалоци и пријатна атмосфера.

Покрај плажите, Марина ди Рагуза нуди и жив ноќен живот и културни настани во текот на летните месеци, со различни фестивали, концерти и настани кои го оживуваат градот и обезбедуваат забава и културни искуства за посетителите. Марина ди Рагуза е исто така добра почетна точка за истражување на други знаменитости и градови во регионот, како што се барокниот град Рагуза Ибла, Сцикли и Модика, кои се дел од Светското наследство на УНЕСКО.

Хотел Acacia Marina 4* во Марина ди Рагуза – на 100 метри од морето со вклучени следниве услуги: WI-FI, лежалки и чадори покрај базен, тениско игралиште (со резервација), паркинг на отворено… Mинерални води и коктел за добредојде.

Сите соби гледаат кон убава градина и кон море. Опремени во модерен стил, тераси, удобни кревети, голем телевизор, фен, сеф, минибар…

Ден 1 СКОПЈЕ – ТИРАНА – СИЦИЛИЈА

Состанок на групата во Скопје во 08.30 часот. Трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување за Сицилија – аеродром Комизо во 15.3и пристигнување во 17.05 часот. Организиран трансфер од аeродром до хотел (30km). Сместување. Слободно време. Ноќевање.

Ден 2-7 СИЦИЛИЈА

Појадок. Денови за одмор, уживање и капење. Можност за посета на факултативни излети…

Еден вечерен излет до автентичното сицилијанско гратче Сцикли (Scicli) со локален водич и дегустација на познатите сицилијански каноли.

Ноќевање.

Ден 8 СИЦИЛИЈА – ТИРАНА – СКОПЈЕ

Појадок. Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Тирана во 17.40 и слетување во 19.05 часот. Трансфер до Скопје.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз на релација Скопје-Тирана-Скопје

  • Авионски превоз на релација Тирана-Сицилија-Тирана

  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром

  • Сместување во хотел Acacia Marina 4* на база 7 ноќевања со појадок

(минерални води и коктел за добредојде)

  • Вечерен излет до автентичното сицилијанско гратче Scicli со локален водич и дегустација на познатите сицилијански каноли

  • Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

         Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)

  • Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во хотелот

  • Вечера 30-35 евра по лице на ден (уплата во хотел)

  • Влезници во локалитетите, карти за локален превоз

  • Патничко – здравствено осигурување

  • ИзлетиЕтна и Таормина / Сиракуза / Ното / Агриџенто / Модика / Рагуза Ибла / Сцикли и Модика / Посета на винарија…

Напомена:

Цените се изразени во евра (1еур=62ден.), и се по лице за сместување во соодветен тип на соби.

Narrow street in the old town of Cefalu, medieval village on Sicily island, Italy. Flower pots with traditional sicilian decoration. La Rocca cliff. Popular tourist attraction in Province of Palermo.